Познатиот пар од „Тома“ станаа родители по трет пат

Српската актерка Тамара Драгичевиќ и нејзиниот сопруг, актерот Петар Бенчина добија син.

„Некаде околу 4 часот и 30 минути по излегувањето во град свративме до болницата„ Драгиша Мишовиќ“. Ти си неверојатна“, напиша Бенчина во саботата на Инстаграм и додаде дека на синот му го дале името Борис.

Актерскиот пар е во брак од 2016 година, а ова им е трето дете. Тамара и Петар претходно ги добија ќерката Сташа и синот Лазар.

Тамара ја играше Силвана Арменулиќ во филмот „Тома“, само 10 месеци откако го роди своето второ дете. Нејзиниот сопруг исто така глумеше во споменатиот филм. Тој беше во улога на докторот од Воено-медицинската академија во Белград кој го лекуваше Тома Здравковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e