Со видео од теретана и остри зборови, пејачката најави нов почеток.
Пејачката Ана Николиќ повторно го привлече вниманието на јавноста со објава на Инстаграм, на која се појави во теретана и испрати силна и емотивна порака. Таа сподели видео додека оди на трака за трчање, најавувајќи дека започнува ново поглавје во животот и дека е подготвена за борба.
Во видеото, Ана се појави во несекојдневно издание, со очила за сонце иако се наоѓа во затворен простор, што дополнително ја зголеми љубопитноста кај следбениците. Сепак, поголемо внимание од изгледот привлече нејзината директна и остра изјава, со која јасно стави до знаење дека не планира да се повлече.
„Што ќе правиме сега? Пеколот следува. Поздрав за сите што би сакале да сум мртва, за жал жива сум“, изјави таа во видеото, не криејќи ги емоциите.
Многумина сметаат дека пораката е јасен сигнал дека пејачката решила да го остави зад себе тешкиот период и да започне одново, посилна и поодлучна од кога било. Нејзината објава беше протолкувана како мотивирачка, но и како одговор на сите критики со кои се соочувала изминатиот период.
