Американскиот актер Остин Батлер откри дека поради подготовката на улогата за филмот „Елвис“ не го видел своето семејство дури три години.
„Се подготвував со режисерот Баз Лурман, а потоа отидов во Австралија да снимам. Не разговарав со никого со месеци. Размислував само за Елвис. Цело време го имитирав“, додал тој.
Тој нагласил дека не жали за тоа и дека бил подготвен да направи сè за филмот да биде успешен.
На крајот и успеал во својата на мера. „Елвис“ остварил соработка од 276 милиони долари.
Во разговор за магазинот „Variety“ рекол дека улогата му помогнала да излезе од сопствената комфор зона.
„Порано не танцував, ниту пеев во јавност, бидејќи бев многу срамежлив“, открил актерот.