Сара Џесика Паркер ја воодушеви македонската јавност со нејзината препорака за филмот „Медена земја“. Во описот на фотографијата на Инстаграм, таа напиша дека се работи за филм од Македонија, кој го опиша како прекрасен, визуелно освршен и епски.
Но, по низата политички дискусии под објавата, особено оние дека земјата сега се вика Република Северна Македонија, таа го промени описот на фотографијата, дообјасни дека не зазема политичка страна и забрани натамошно коментирање.
„Целта ми беше да насочам што повеќе публика кон овој извонреден документарец. Не заземам политичка страна“, објаснила актерката.