Пејачката Иворна Јо го загуби најважниот човек во својот живот, нејзиниот татко. Пејачката со тажни зборови, на социјалните мрежи се прости со него.
„Тато не се договоривме вака… еј… Тато дојди… Тато. Известување до сите роднини и пријатели
Погребот ќе биде одржан во с. Љубодраг утре во 13 часот“, напиша Ивона.
Во август оваа година, Ивона Јо го претстави својот најличен и најмоќен проект досега „Молитва“, песна создадена во еден здив под раководство на Темелко Андреев, кој авторски стои зад текстот, музиката, аранжманот, како и режијата на видеото.