Почина мајката на Бред Пит

Џејн Ета Пит, мајка на познатиот холивудски актер Бред Пит, почина на 85-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја сподели на социјалните мрежи нејзината внука Сидни, ќерка на братот на Бред, Даг, во емотивна објава што трогна многумина.

– Не бевме подготвени да си одиш, но помислата дека сега можеш повторно да пееш, танцуваш и сликаш барем малку ја ублажува болката – напиша Сидни покрај фотографиите со својата баба.

Таа нагласи колку Џејн била несебична, полна со љубов и посветена на своето семејство.

-Ме научи како да сликам, како да бидам силна, како да бидам љубезна, како да го сакам Исус низ сè и како да наоѓам радост во малите нешта, напиша Сидни.

Џејн Ета Пит беше поранешна семејна советничка и позната по своите силни семејни вредности, кои им ги пренесе на своите деца.

Семејството на познатиот актер сè уште не дало официјална изјава во врска со нејзината смрт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e