Почина легендата на Симпсонови

Серијата „Симпсонови“ е една од најпопуларните серии, чија прва епизода беше емитувана далечната 1989 година. Екипата на овој иконски ситком сега за жал е без многу важен член.

„Музичкиот уредник на оваа серија, Крис Ледезма, почина на 64-годишна возраст, тимот на Симпсонови му оддава почит на ‘љубезниот и талентиран човек’“, објавено е на сајтот на „Дејли мејл“.

Музичкиот уредник учествуваше во анимираниот ситком од почетокот на серијата до мај 2022 година, а сега во последната емитувана епизода беше прикажан еден вид почит со натпис:

„Во спомен на Крис Ледезма“.

„Крис беше убав човек кој ја сакаше својата работа и беше навистина, навистина добар во тоа. Ни недостига“, напишала сценаристката Керолин Омин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e