Ерни Лајвли, познат актер и татко на актерката Блејк Лајвли, почина на 75-годишна возраст.
Причина за смртта е проблем со срцето, пишува Дедлајн, а актерот починал на 2 јуни во Лос Анџелес.
Во текот на 45-годишна долга кариера, тој се појавил во многу познати серии и филмови како што се „Војводите на Хазард“, „Убиство“, „Таа напишала“ и „Сајнфелд“.
Пред актерската кариера, Лајвли бил маринец и извесно време служел во Виетнам. Тој исто така бил ментор за глума и помагал во создавањето кариери за актери и актерки како Алисон Ханиган, Бретани Марфи, Скот Грајмс и други.
Лајвли ја оставил сопругата Елејн со која се оженил пред 41 година, а зад себе остави пет деца, зет му Рајан Рејнолдс, сестрата Џудит и неколку внуци.