Почина 31-годишен српски пејач, му откажало срцето во теретана

Српскиот музичар Игор Гарниер вчеравечер починал ненадејно за време на тренинг во теретана во Вашингтон, пишува Курир. Тој имал 31 година.

Игор бил седум години во врска со Миња, ќерката на пејачот Жељко Самарџиќ.

“Слушнав и многу ми е жал за Игор и неговото семејство. Откако отиде во Америка, немавме контакт и оваа тажна вест ме изненади. Нека му е лесна земја и мирна душа, ќе го паметам како прекрасен човек и одличен музичар. “, изјавил Жељко за Курир.
Игор последните години живеел и работел во САД. Една од неговите најпопуларни песни е Милка Цаниќ, преработка на хит од Барбра Стрејсенд.
Бројни колеги, пријатели и фанови се збогуваат со музичарот на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e