Ријана и ASAP Rocky се пред трет пат да станат родители, а нивните обожаватели веќе дискутираат за полот и името на бебето.
Откако раперот ги наведе многумина да се сомневаат дека очекуваат син, Ријана откри и нешто за новото дете.
Во претходните случаи, Ријана не откриваше кое име ќе му го даде на детето, па името на првото дете беше откриено дури една година по раѓањето.
Сепак, овој пат Ријана откри во која насока размислуваат. Иако сè уште не одлучиле кое име да му го дадат на бебето, тие тврдат дека знаат која ќе биде првата буква од името.
„Секогаш ќе биде име со буквата Р. Тоа е единственото нешто за кое Роки и јас не се караме“, рече таа.
За потсетување, нивниот син Рза има три години, а Рајот наскоро ќе наполни две. ASAP Rocky неодамна неочекувано го откри полот на третото дете што го очекува со Ријана.