По два сина, Ријана очекува девојче?

Aмериканската музичка ѕвезда Ријана позираше за новото издание на магазинот „HommeGirls“, истакнувајќи го трудничкото стомаче, а многу од нејзините обожаватели сметаат дека таа очекува девојче.

Фотографирана е во неколку модни изданија – во фустани, тренерки, маици и панталони, здолниште, во палто… Нејзиниот изглед го осмисли стилистката Стела Гринспан, која изјави дека ѝ била голема чест да соработува со Ријана.

„‘HommeGirls’, 14-то издание заедно со мојата модна икона (fashion killa)“, навела Ријана во описот на фотографиите. Токму поради оваа нејзина реченица, обожавателите мислат дека таа открила дека ќе стане мајка на девојче.

Пејачката во неколку наврати истакна дека една од нејзините најголеми желби е да има девојче. Со АСАП Роки има два сина: тригодишниот РЗА и двегодишниот Рајот Роуз.

„Дали ова значи дека конечно ќе ти се оствари сонот?“, „Fenty девојка?“, „Конечно!“, се дел од коментарите на нејзиниот профил на Инстаграм.


View this post on Instagram

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e