Петар Грашо ќе стане татко на 45 години?

Петар Грашо (45) не се одвојува од девојката Хана Хулиќ (31) со која е во романса откако ја прекина долгата врска со пејачката Даниела Мартиновиќ.

Даниела и Петар беа 24 години заедно без скандали и никакви афери, но љубовта меѓу нив на крајот заврши.

Хана и Петар повеќе не ја кријат љубовта, па неодамна и се фотографирани заедно на една прошетка низ Сараево.

Но неодамна се појави информација во медиумите, дека наводно Петар чека дете со Хана, но тоа тој го демантираше.

– Прв пат слушам за тоа како и за многу информации кои се пишуаат овие денови, но ова не е вистина, рекол Петар.

Хрватскиот композитор Тончи Хуљиќ се огласи по веста дека неговата ќерка запловила во врска со 14-години повозрасниот Петар Грашо.
-Разбирлив ми е интересот на медиумите и јавноста за врската помеѓу Петар и Хана, но јас никогаш до сега јавно не сум се огласувал на теми поврзани со приватниот живот на моето семејство и на луѓето со кои работам.

Сличен став имаат и Петар и Хана кога станува збор за нивниот приватен живот, а покрај тоа Петар е и наш голем пријател. Ако се тие среќни, а гледам дека се, тогаш сме среќни и јас и мојата сопруга, рекол Тони за медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e