Откако ја крунисаа својата љубов со брак, на Петар Грашо и Хана Хуљиќ им останува да си го пречекаат бебето. Веста дека ќе имаат нов член во семејството, Хана и Петар ја кажале на своите родители на Божиќ, а сега се знае и полот на детето.
Хана и Петар се венчаа на 19 февруари 2022 година во црквата Св. Доминик во центарот на Сплит. На церемонијата присуствуваа родителите на Хана, Тончи и Вјекослава Хуљиќ, нејзиниот брат Иван, сестрата на Петар, уште неколку членови од најблиското семејство, како и кумовите на Грашо и најблиски пријатели.
Гостите биле трогнати кога Грашо, заблагодарувајќи им се на сите што дошле, на општо изненадување на сите гости, го открил полот на бебето, според „RTL Ekskluziv“. На почетокот на јули во нововенчаното семејство пристигнува мало девојче. Името сѐ уште не е познато, иако не е лесно да се чуваат тајните на Хана и Петар, откако јавноста се посвети на нивната љубовна приказна.