Пет фотографии од најсексапилниот маж на светот за 2021 година

Актерот Крис Еванс (40) според изборот на магазинот „People“ е најсексапилниот маж за 2021 година.

Својата актерска кариера Крис ја започнал во 2000 година во серијата „Opposite Sex“, но стана планетарно познат по улогата во филмовите „Fantastic Four“, „Captain America“.

Еванс требало да ја добие оваа титула минатата година, но главните луѓе од магазинот „People“ ја одложиле нивната одлука.

Сметале дека подобро е да се почека поради тоа што актерот минатата година случајно објавил фотографија од својот пенис на социјалната мрежа Инстаграм, пренесува „Page Six“.

„Крис минатата година беше опција да ја преземе оваа титула, но не беше добар момент за тоа“, изјавил извор за „Page Six“.

Крис ќе биде претставен на насловната страна на магазинот следната седмица, а таа титула минатата година му припадна на актерот Мајкл Б. Џордан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e