Песната на Констракта номинирана за најдобар евровизиски текст

Песната „In Corpore Sano“ со којашто Констракта ќе ја претставува Србија на 66-то издание за Песна на Евровизија, се наоѓа меѓу петте номинирани песни за најдобар текст на овогодишниот натпревар, по избор на „Eurostory.nl“.

Освен текстот на песната „In Corpore Sano“ номинирани се и песните од Австралија, Велика Британија, Италија, Украина и Швајцарија.

Добитникот на наградата ќе го одлучи жирито и публиката која може да гласа на порталот „eurostory.nl“.

Жирито оценило дека првата реченица од песната – „Која ли е тајна здраве косе Меган Маркл“, е меѓу оние кои најмногу се паметат во историјата на фестивалот „Песна на Евровизија“.

„Текстот се гради според аргументацијата која се однесува на невозможните стандарди за убавина и здравје кои се поставени за јавните личности“, навело жирито.

Наградата за најдобар текст се доделува од 2016 година, а меѓу добитниците се нашле и Џамала, победничката од Украина во 2016 година, како и минатогодишните победници, групата „Манескин“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e