Пејачката Милица Павловиќ реши конечно да стави крај на шпекулациите во врска со нејзината сексуална ориентација.
Имено, веќе некое време се шпекулира дека Павловиќ сака жени, а сега откри и што е вистината.
– Не би имала проблем да признаам дека сакам жени, ако навистина беше така. Љубовта е најубавата работа на светот. Важно е да сакате. Лошо е да се биде емотивно хендикепиран и ограничен, тешко е кога некој не знае да сака. Љубовта е тука да се шири во секоја форма – изјави таа за „Информер“ и додаде:
– Откако стапнав на сцената, медиумите ме поврзуваа со многу мажи и девојки. Многумина се обидоа да ме испровоцираат, а потоа зборуваа и пишуваа дека сум во врска со таа и таа девојка…
Пејачката исто така изјави дека лесно може да претстави некого како момче, но не сакала да се занимава со тоа.
– Можев да пронајдам некој маж, да го претставам како момче и со тоа да ги негирам гласините. Избрав да молчам и да не реагирам на работите што ме погодува, туку работата и кариерата да зборуваат за мене – заклучи Милица.