Оригинално име за второто дете на милијардерката Кајли

Кајли Џенер и Тревис Скот на новородениот син му го дадоа името Волф Вебстер.

Веста ја потврди Кајли која на Инстаграм го објави името на нејзиниот син во Стори.

Ѕвездата на шоуто Keeping Up With the Kardashians роди син на 2 февруари, а веста беше потврдена неколку дена подоцна.

Откако објавија дека во нивното семејство пристигнало новороденче, фановите на кланот Кардашијан-Џенер почнаа да шпекулираат дека момчето се вика Ангел. Поради коментарите под неговата фотографија, обожавателите беа убедени дека знаат какво име му дала Кајли на момчето.

Имено, Крис Џенер под фотографијата коментирала за „Angel Pie“, Ким Кардашијан ставила емотикони на сини срца и ангели, додека шминкерката на Кајли, Ариел Техада напишала: „Едвај чекам да го запознаам малото ангелче (Анџел)“. И Твитер беше полн со шпекулации дека момчето се вика Ангел, но фановите се чинело дека грешат.

Кајли и Тревис веќе ја имаат четиригодишната ќерка Сторми Вебстер, а Волф е нивното второ заедничко дете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e