Опра Винфри заработи вртоглава сума од интервјуто со Меган и Хари

Најпознатата водителка на светот Опра Винфри заработила ни помалку ни повеќе туку седум милиони долари од ова интервју.

Ексклузивното интервју со британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл го водеше славната Опра Винфри. Но, зад целото интервју стои и нејзината продукциска куќа, „Harpo productions“, а правата за емитување на интервјуто ги продала на „CBS“ за седум милиони долари.

Во двочасовното интервју, кое се емитуваше на телевизијата „CBS“, парот зборуваше за расизмот и дисфункционалноста на кралското семејство.

Според проценките на компанијата „Nilsen“, интервјуто во живо го следеле 17 милиони гледачи. Иако интервјуто е емитувано во ударен термин, овој број на гледачи се смета за многу голем.

Во интервјуто Меган рекла дека размислувала за самоубиство, додека Хари рекол дека тој и неговото семејсто се чуствувале „заробени“ додека воделе кралски живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e