Заедно со најблиските Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ организираа тајна венчавка во вилата на Ражнатовиќ на Дедиње.
Фотографии од тајната венчавка на која Анастасија изгледаше прекрасно во долгиот фустан во сатен објави прво нејзиниот брат Вељко Ражнатовиќ.
Двајцата младенци беа пресреќни, а на фотографијата која Анастасија ја објави, пишуваше: „Тукушто венчани“.
Популарната пејачка Цеца, за оваа прилика избра краток фустан со цветен дезен објавувајќи фотографија со младите на која напиша: „Засекогаш да ми бидете среќни“.