Неда Украден вели дека и емотивната среќа е потребна за добра линија

Познатата фолк-пејачка Неда Украден зад себе има кариера подолга од 50 години, а според многумина таа е најатрактивната баба на Балканот.

Неда неодамна за хрватските медиуми ја откри тајната на својата добра линија.

„Да ја одржувате добрата форма и нешто што со наследство ви е останато како подарок, може само со дисциплина – исхрана и вежбање.“
„Посебно кога сте во зрели години. Секако, не е секогаш лесно бидејќи не живееш живот кој е уреден и во кој може сé да се испланира. Но доволно е и свест за тоа, како и емотивна среќа и исполнетост“, изјави Неда.

А кога ќе и споменат дека се уште го носи епитетот најcекcи баба, тоа секогаш предизвикува насмевка на нејзиното лице.

„Името нajcекси баба секогаш ме насмејува, и воопшто не ми пречи, посебно што сум многу горда на своите внуци. А зборот баба е најубавиот збор на светот“, вели искрено познатата пејачка.
Инаку Неда, и покрај тоа што е на самиот почеток од осмата деценија, таа се уште изгледа фантастично.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e