Беквалац реши навистина да ужива во роденденот, па ги спакува куферите и отпатува на егзотична дестинација…
Пејачката Наташа Беквалац на 25 септември, го слави својот 44 роденден.
Својот прекрасен ден одлучи да го помине на егзотична дестинација, па заедно со сестра си Кристина, ќерките Петра и Хана отпатува на Ибица.
Денес ми е роденден! Ви благодарам за сите прекрасни желби, честитки, ви благодарам за љубовта што ја чувствувам секој ден. Сепак, животот е највредниот подарок и затоа решив секој ден и секој момент да го поминам во радост, благодарност и насмевка со моите деца, семејството, прекрасните пријатели и луѓето кои ги обожавам. Прославата може да започне“ – напиша таа.