По разделбата со фудбалерот Жерар Пике, колумбиската пејачка се соочува со нови, дополнителни проблеми.
Имено, обвинителството го официјализираше обвинението против пејачката Шакира со кое се обвинува за 6 кривични дела против Даночната управа.
Шпанското обвинителство соопшти дека ќе бара поп-ѕвездата да биде осудена на затворска казна од 8 години и 2 месеци поради затајување данок, а покрај тоа ѝ следува и парична казна од 24 милиони евра.
Како што се наведува, Шакира е обвинета дека наводно затаила 14,5 милиони евра помеѓу 2012 и 2014 година, обидувајќи се, како што се шпекулира, да ги убеди властите дека не живее во Шпанија.
Обвинението се состои од шест точки, а пејачката ја отфрлила спогодбата што ѝ ја понудиле обвинителите, одлучувајќи наместо тоа да оди на судење, пренесува „ABC News“.
Шакира не е задоволна од работата на обвинителството, па дури и навела дека користат „несоодветни средства за согласност“, а од нејзиниот тим додаваат дека пејачката покрај подмирување на сите обврски, платила и 3 милиони евра дополнителна камата.