На 43-години почина сопственикот на „Onlyfans“

Украинско-американскиот бизнисмен Леонид Радвински, сопственик на платформата за возрасни Онлифенс, почина на 43-годишна возраст по долга борба со рак.

Веста ја потврдија од компанијата, од каде соопштија дека Радвински починал мирно, а семејството побарало приватност во овие тешки моменти.

Радвински ја презеде компанијата „Феникс Интернешнл“, која стои зад Онлифенс, во 2018 година и беше нејзин директор и мнозински сопственик. Платформата првично беше основана во 2016 година од британскиот претприемач Тим Стокли.

Онлифенс доживеа експлозивен раст за време на пандемијата со ковид-19, кога глобалните карантини придонесоа милиони корисници и креатори да се свртат кон онлајн содржини. Таа прерасна во значаен извор на приходи и дигитална забава на светско ниво.

Покрај ангажманот во компанијата, Радвински беше активен и како инвеститор, вложувајќи во повеќе стартапи, а поддржуваше и различни филантропски проекти ширум светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e