Миранда Кер стана мајка по четврти пат

Австралиската манекенка Миранда Кер (40) и американскиот бизнисмен Еван Шпигел (33) станаа родители на нивното трето заедничко дете.

Поранешниот „ангел“ на „Викторија сикрет“ ја сподели среќната вест на Снепчет, социјалната мрежа чиј извршен директор и основач е самиот Шпигел.

Инаку, манекенката се породила на 18 февруари и на свет донела здраво машко дете. Меѓу другото, двојката го откри и името на синот – Пјер Кер Шпигел.

„Имаме чувство како да сме пристигнале на Месечината. Бевме превозбудени да го пречекаме четвртото дете во нашето семејство. Јас се чувствувам благословено“, напиша Кер, која објави и фотографија на која има сино бебешко ќебе, со името на новороденчето, пар жолти чорапчиња и букет од разнобојно цвеќе.

Како потсетување, Миранда Кер и Еван Спигел ја започнаа љубовната врска во 2015 година, а следната година ја објавија нивната свршувачка.

Тие стапија во брак во 2017 година, на приватна свадбена церемонија, со четириесетина гости, во Калифорнија.
Кер и Спигел станаа родители на нивното прво дете, синот Харт, во мај 2018 година, а синот Мајлс го добија во октомври 2019 година.

Манекенката има уште еден син, 12-годишниот Флин, од претходниот брак со актерот Орландо Блум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e