Милош Биковиќ мами воздишки кај припадничките на понежниот пол каде и да се појави, на филм, во реклама, на Инстаграм.
Тој неодамна објави фотографија од теретана на својот профил на Инстаграм, покрај која ја сподели тајната за својот одличен изглед!
– Ќе ја откријам мојата тајна… Почнувам да тренирам секое утро, добро не баш секое… но важно е да се тренира наутро поради метаболизмот затоа што… Не знам всушност зошто, затоа што ме мрзи да станувам рано, па и никогаш не тренирам наутро, но затоа СЕКОГАШ често правам паузи помеѓу сериите од шест месеци до една година. Бидејќи одморот е важен за развој на мускулите и се хранам здраво, јадам масно, слатко, алкохол, пецива… Затоа што организмот ми бара, а тој знае што му треба, па треба да му се даде додека бара кога тренирате или помеѓу тренинзите. На пример, дупли сладолед со карамела, масно сирење со пржена сланина, па тестенини… во 4 часот наутро, по тој редослед! Тоа е мојата тајна да изгледате како пајак! Стомакот сè поголем, а рацете и нозете сè потенки. И повеќе не е тајна кога ви кажав.
Уште едно спортско утро… Остатокот го знаете – напиша Биковиќ.
Извор: srecna.republika.rs