Рада, бабата на Милица Павловиќ ја загуби животната битка по долга борба со Алцхајмеровата болест. Дедото на Милица почина пред година ипол, а пејачката ја пресели баба си од семејниот дом во геронтолошкиот центар во Белград.
Милица е родена во Швајцарија, но на само три месеци, кога нејзините родители се развеле, таа се преселила каде што живееле нејзината баба Рада и дедо ѝ Владимир. Пејачката порасна со нив, тие ја чуваа и ја воспитуваа, а секогаш истакнуваше дека имала среќно детство и дека тие и биле најголемата поддршка.