Милица Тодоровиќ призна дека без психолог и психијатар тешко се справува!

Балканската музичка дива Милица Тодоровиќ отворено призна дека редовно оди на психотерапија. Пејачката откри дека со задоволство ја посетува ординацијата на психологот, секој пат кога ќе има проблем што не може да го реши самата.

Поради тоа, Милица вели дека често плаче за време на сеансите, но дека сепак потоа и е полесно.
-Одам, кај психолог и психијатар и мислам дека тоа е нешто што и треба на секоја личност, бидејќи наидуваме на разни проблеми што ги носи животот и често не можеме да ги решиме самостојно. Кај нас луѓето имаат проблем да признаат дека не можат да ги решат предизвиците што им ги носи животот, па затоа се срамат да кажат дека биле на психолог или психијатар, отворено вели пејачката за регионалните медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e