Милица Тодоровиќ подготвена да стане мајка?

Милица Тодоровиќ веќе подолго време е соло, а последна јавна врска и беше онаа од пред две години со актерот Петар Стругар, кој во меѓувреме доби дете, а пејачката тврди дека се’ уште нема емотивен партнер.

Сè уште не сум подготвена за нова љубов, но се надевам дека тоа ќе се случи еден ден“, им открила Милица на српските медиуми и додала каков е нејзиниот идеален маж:

Тој мора да биде реализиран и енергично силен, да ја следи мојата енергија и да ме поддржува во работата бидејќи тоа е неопходно.“

Можеби Милица моментално нема партнер, но тоа не значи дека веќе не се гледа себеси во улога на мајка.

Пеам од 13 години и тоа е доста. Може слободно едно бебе сега. Би сакала да се исполнам како мајка и мислам дека тоа треба да биде некаков следен чекор, на подолг рок. Чувствувам дека се’ почесто ми се буди мајчинскиот инстинкт“, признава пејачката за „Глорија“.

Инаку, Милица во 2009 година ја почна врската со братот и менаџер на Саша Ковачевиќ, Раде, со кого беше четири години. По раскинувањето, заплови во врска со кореографот Милош Пауновиќ, со кого раскина по 5 години и почна романса соактерот Петар Стругар, но таа врска ѝ траеше помалку од една годинина и оттогаш, наводно, е соло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e