Српската пејачка Милица Тодоровиќ го очекува своето прво дете со маж непознат за јавноста, објави Телеграф.
Таа влегува во третиот месец од бременоста и ги откажа сите настапи во текот на летото за да се посвети на приватниот живот.
Иако на почетокот сè беше неофицијално, пејачката сега разговараше со Телеграф и ја потврди среќната вест.
„Ви благодарам за честитките и ви благодарам што ја почитувате мојата приватност“, рече таа.
Како што се наведува понатаму, Милица планира голема свадба, но не оваа година.
Пејачката отсекогаш нагласувала дека една од нејзините неостварени желби е да стане мајка, и наскоро тоа ќе се оствари.