Американската актерка Мила Кунис е родена во Украина.
38-годишната актерка е родена во Черновци, западна Украина, а во САД дошла во 1991 година со своето семејство. Таа вели дека иако „секогаш се сметала себеси за Американка“, нешто во неа се сменило по смртоносната инвазија врз Украина од рускиот претседател Владимир Путин кон крајот на минатиот месец.
“Ова се случува и не можам да искажам или да објаснам што ми се случи… Чувствувам дека само ми е откорнат дел од срцето. Тоа е многу чудно чувство”, вели актерката.
„Дојдов во САД во 1991 година со моето семејство. И ние бевме последните од семејството што мигрираа“, вели Кунис, истакнувајќи дека голем дел од нејзиното семејство било или во концентрациони логори за време на Втората светска војна или мигрирале непосредно пред тоа.
„Значи, кога дојдовме во Соединетите Американски Држави, имав седум и пол, осум години и секогаш се чувствував како Американка. Никогаш не постоеше дел од мене што луѓето би помислиле дека сум од Источна Европа. Целиот мој живот бев типична личност од Лос Анџелес. И тогаш ова се случува“, изјави Кунис.
Кунис изјави дека таа и нејзиниот сопруг Ештон Качер ја посетиле Украина непосредно пред пандемијата и дури се сретнале со претседателот Володимир Зеленски.
Кунис и Качер, 44, покренаа „GoFundMe“ минатата недела, надевајќи се дека ќе соберат 30 милиони долари за Украина. Парот донирал три милиони долари за „Stand with Ukraine“.
Извор: Индекс.хр