Пејачката Марина Висковиќ редовно тренира и внимава на својот изглед, а со најновите фотографии од летниот одмор повторно собра бројни комплименти. Во кафен костим за капење, кој се стопи со нејзината препланета кожа, високи потпетици и шешир, таа изгледаше ултра шик и ги воодушеви следбениците.
Меѓутоа, поголемо внимание од фотографиите привлече нејзината искрена изјава дека за живот ѝ се потребни дури 9.000 евра месечно.
Марина објасни дека нејзиниот начин на живот подразбира големи трошоци, но и дека зад сè стои многу работа и вложување:
– Искрено, секогаш ме задеваат за мојата стара изјава кога реков дека ми требаат 3.000 евра месечно. Денес ми требаат трипати повеќе – затоа што сè поскапе. Најголемата радост е кога работиш нешто што го сакаш и тоа на свој начин. Благодарна сум на универзумот и на Бога за тоа. Овој бизнис е скап и бара големи вложувања, но се исплаќа – изјави Висковиќ.
Таа нагласи дека, покрај пејачката кариера, има и три бизниси и дека многу луѓе живеат од нејзината работа.
– Во тоа спаѓаат и луѓето што ги плаќам. Од своја 17-годишна возраст живеам од сопствениот труд. Амбициозна сум и постојано вложувам во нови проекти – моментално работиме на апликација за тренинг. Народот ми дава знаци дека добро ја работам и музиката и бизнисот. Додека некој одмора, јас инвестирам време во работа. Не сум бахата, напротив – многу сум скромна. Ги издржувам луѓето околу мене, не сум ги потрошила парите на луксуз. Пеењето е моја љубов, сè останато е работа – нагласи Марина.