Меган Фокс откри зошто престанала да пие алкохол, не пие кафе, ниту пуши

Позната по строгата диета и тренинзите со Харли Пастернак, актерката многу внимава што внесува во своето тело. Таа избегнува јаглехидрати, а во неодамнешното интервју за Glamour откри дека не пие ниту алкохол.

“Секогаш сум трезна. Не пијам ниту чаша вино. Не пушам, не пијам кафе. Многу сум строга во однос на исхраната и никогаш не се повлекувам”, рекла таа.

Како причина зошто не пие ја наведува грижата за себе.

„Го избегнувам долго време бидејќи имам чувство дека ја извлекува мојата суштина“, додаде таа.

Звучи прилично слично на тоа зошто Блејк Лајвли исто така избегнува алкохол. Таа кажа за People дека не ѝ се допаѓа како алкохолот влијае на нејзиниот ум и тело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e