Пејачката Марија Шерифовиќ важи за голема ѕвезда во Србија, а за нејзиниот живот секојдневно се пишува и се зборува, буквално и се следи секој чекор.
Нејзините следбеници на Јутјуб ја прашале дали понекогаш сака да биде анонимна личност.
Имено, додека одговарала на прашања на своите фанови, пејачката кажала зошто често патува во Америка и дали и недостига анонимноста која ја имала пред да стане позната.
– Па да, за тоа и ја сакам Америка и често одам таму, бидејќи мали се шансите таму некој да ме препознае. Од друга страна, не можам да кажам дека не уживам во се што ми носи животот, а дека знае да биде напорно, навистина знае – рекла Шерифовиќ.