Марго Роби прозборе за бракот и различностите со својот сопруг Том Акерли

Марго Роби неодамна гостуваше во шоуто „The Late Late Show“ и прозборе за нејзиниот сопруг Том Акерли. Актерката го сподели овој редок увид во личноста на нејзиниот сопруг кој е продуцент.

Имено, Маргот се омажи во 2016 година и оттогаш го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста. Парот се запознал на снимањето на филмот „Suite Francaise“ во 2014 година.

Роби објасни дека пораснала околу „купишта див свет“ во Австралија и се навикнала да гледа влекачи. Акерли? Не толку многу.

„Мојот сопруг мрази змии“, му рече ѕвездата на водителот Џејмс Корден. „Тој е Англичанец. Вие очигледно немате влечуги во Англија. Но, насекаде се! Јас живеам во Лос Анџелес, пред некој ден во градината ни се појави змија од 2 метри… Тој за малку ќе добиеше инфаркт“, вели актерката за нејзиниот сопруг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e