Маја Беровиќ откри дека бебето ќе се вика „Хабиби“?

Во емисијата на Огњен Амиџиќ гостинка беше популарната пејачка Маја Беровиќ која неодамна на својот Инстаграм со милиони фанови сподели убава вест која одекна како бомба.

Имено, пејачката по 16 години врска, од кои 6 години брак со сопругот Ален Драгосава, ќе се реализира во улога на мајка.

Сите зборуваат за долгоочекуваната блажена состојба на пејачката, а во оваа прилика таа си ја отвори душата за тоа, па призна се за бременоста и плановите за бебето.

– Како што можете да видите, се чувствувам бремено. Шести месец, наскоро во седмиот, ги броиме деновите. Отсекогаш ми било драго кога ќе слушнав дека некоја жена е бремена. Тоа не може да биде поубава вест. Со сопругот сме заедно 16 години – вели Маја и додава:

– Бремена сум од крајот на мај. Знам се точно, имав чувство од самиот почеток кога се случи. Се се случи во Дубаи, па бебето ќе се вика Хабиби.Се шегувам, но момче е, важно ни е да одбереме светско име, бидејќи бебето ќе оди на училиште во Австрија. Презимето на бебето ќе биде Драгосав. Ќе смислиме и добро име – рече Маја.

– Крајниот термин е 20 февруари. Кога сфатив дека ќе биде риба, ми олесна, бидејќи сум рак, ќе се разбереме. А тато е малку поогнен, лав е – заклучила Маја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e