Мадона со жестока порака до Путин – еве што му порача

Мадона се огласи на социјалните мрежи и изрази поддршка за Украина. Таа рече дека инвазијата на Украина е бесмислена и дека мора да престане.

„Путин ги прекрши сите постоечки договори за човекови права. Тој нема право да се обидува да го избрише постоењето на Украина. Претседателе Зеленски, ние те поддржуваме. Се молиме за тебе и за вашата земја. Да не се чувствувате беспомошни кога ќе се соочите со политички дејствија од оваа големина, има работи што можеме да ги направиме“, порача пејачката.

Таа потоа објави шокантно видео кое покажува како изгледа Украина по руската инвазија.

„Дали ова видео те боли тебе исто колку што ме боли мене? Путин продолжува со своите ужасни и непотребни напади врз Украина. Невини луѓе се борат за своите животи и учат да пукаат од пиштоли за да се заштитат. Ве молиме да направиме што можеме за да им помогнеме“,напишала Мадона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e