Мадона покажа како изгледа без грам шминка

Мадона покажа како изгледа без грам шминка на лицето откако се најде на удар на критики и грди коментари на сметка на изгледот.

Откако во последно време шокира со изгледот, поп кралицата Мадона одлучила да им одговори на сите критичари кои ја обвинуваат дека постојано користи филтери на фотографиите кои ги објавува, а сега објавила необработено видео за да покаже како навистина изгледа.

64-годишната Мадона го споделила видеото на ТикТок, но тоа можеби и не било најдобар потег бидејќи нејзините обожаватели и понатаму стојат на тврдењето дека изгледа неприродно и необично, што е очигледно резултат на претераните естетски корекции и операции.

„Ох Боже мој, зошто си го направила тоа?“, вели Мадона во објавеното видео во кое по неколку моменти се појавува и со шминка за да се види разликата.

@madonna♬ original sound – Christinamarie James

„Дали е ова некој хорор?“, „Ова е Мадона?“, „Зошто луѓето не можат да прифатат дека стареат?“, „Те молам, немој повеќе“, „Зошто се претвораш во Мики Рурк?“, „Исусе, што е ова?“, се само некои од коментарите кои ги добила пејачката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e