Мадона со поддршка за Бритни Спирс: Вратете ѝ го животот на оваа жена

Мадона (62) е уште една позната личност која ја поддржа борбата на пејачката Бритни Спирс за ставање крај на старателството што нејзиниот татко Џејми Спирс го има над нејзиниот живот и имот.

Поп-sвездата им се придружи на Шер, Мајли Сајрус и многу други познати личности кои ја критикуваат законската одредба поради која Бритни нема контрола над нејзиниот живот, а Мадона тоа го нарече „кршење на човековите права“.

Таа на Инстаграм објави фотографија на која носи маица со името Бритни Спирс и рече дека ќе ѝ помогне да „излезе од затвор“.

„Вратете ѝ го животот на оваа жена. Ропството беше укинато одамна! Ова е кршење на човековите права! Бритни, доаѓаме да те извлечеме од затвор!“, напиша Мадона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e