Мадона го прослави својот 67-ми роденден во Италија со торта „Лабубу“

Кралицата на поп-музиката го прослави роденденот така што си го оствари својот долго посакуван сон – да ја гледа коњската трка Палио во Сиена, Италија

Мадона го прослави својот 67-ми роденден во Италија! Познатата пејачка била во друштво на своето момче, 28-годишниот поранешен фудбалер Аким Морис, а со неа биле и ќерките Мерси (19) и Лурдес (28).

Поп-ѕвездата сподели видео од патувањето на Инстаграм и напиша:

„Мојот долгогодишен сон беше да ја гледам коњската трка Палио во Сиена, која се случува на мојот роденден, 16 август, уште од 1482 година!

Не постојат зборови што можат да ја опишат возбудата, неизвесноста и свеченоста! Навистина свечен ритуал е да се посведочи моментот кога илјадници луѓе потонуваат во тишина пред да започне трката. Невозможно е да се опише самата трка. Grazie Mille!“

Ѕвездата го завршила долгиот опис така што си посакала среќен роденден и додала: „соништата навистина се остваруваат.“

Имено, Мадона го обележала својот роденден така што отпатувала во Сиена, Италија за да си го исполни својот долго посакуван сон да ја гледа коњската трка Палио. Во видеото може да се види како семејството на ѕвездата танцува со локалните жители, ја гледа возбудливата коњска трка и ужива во огромен огномет. Други видеа го прикажуваат семејството како пазари во антикварници, како Мерси свири на клавир и како целата група се шета низ раскошната италијанска селска идила.

Мадона, исто така, имала огромна розова торта „Лабубу“ испишана со зборовите „Среќен роденден Мадуду“. Ѕвездата, облечена во боди од бел сатен, ги дувнала свеќичките на грандиозниот десерт, пред да продолжи забавата по повод нејзиниот 67-ми роденден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e