Инфлуенсерката и поранешна победничка на реалното шоу Луна Џогани го загуби своето бебе.
Луна и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ ја објавија тажната вест на нивниот канал на Јутјуб и изнесоа детали.
– Направивме се во 2021 година, а 2022 дојде да ни пркоси, да ни каже дека ништо не е идеално – изјави Миљковиќ.
– Оваа бременост ја загубивме по 12 недели. Дознавме неколку дена претходно, не сакавме веднаш да разговараме, нека помине малку. Така требаше, ми помина некој вирус, така рече докторот, плодот беше многу мал, жените кои го поминале тоа знаат – истакнува Луна и додава:
– Што и да се случи со мајката влијае на плодот, не бев добро, не знаев дека сум бремена кога отидов во Америка. Срцето престана да чука, фала богу, добро е што беше рано, пред да се формира.
