Славната пејачка Лепа Брена се огласи за војната меѓу Русија и Украина.
-Не сакам да го коментирам тоа. Искрено, многу пејачи сакат да се покажат паметни и информирани. Лично, многу тешко ми паѓа секоја политичка или воена вознемиреност бидејќи тоа на Балканот го доживеавме неколку пати и сите не вознемирува. Се тоа ќе влијае на економијата, на цената на гасот, на нафтата, на нашите животи, на миграција на луѓето. Кога ќе случи нешто такво доаѓаат тешки економски и политички миграции, изјави Брена.