Една од најпознатите пејачки во регинот во интервјуто за „Информер“ открива како го одржува здравјето и како се негува.
Имено, Лепа Брена (61) вели дека редовно медитира и вежба и дека секогаш внимава да не му нашети на гласот.
-Најважно е човекот да не го запостави телото. Треба да биде во движење секој ден. Ние пејачите мораме да внимаваме и на гласот, и да го негуваме. Не пушам за да не ги уништам гласните жици. Понекогаш со пријателите умеам да наздравам со чаша вино. И тоа е сè, вели Брена.