Мерилин Монро е холивудската икона која со своите филмски улоги и фантастичен изглед ги одбележа 60 -тите години од минатиот век. Поради прераната смрт на актерката во август 1962 година, предизвикана од предозирање, голем број на нејзини обожаватели беа обвиени во црно. Но, сепак неодамна се појави нова теорија дека холивудската дива се уште може да биде жива.
Според споменатата теорија, вистинската Мерилин Монро под влијание на седативи била „киднапирана“ од луѓе кои работеле за тогашниот претседател на САД, Џон Кенеди, и ја однеле во Швајцарија каде што била сместена во приватна, добро чувана клиника. За време на закрепнувањето во поликлиниката, актерката го запозна од д -р Лоб, вдовец со три сина, со кого по третманот се омажила. Филмската дива според оваа теорија, останала да живее со него во оваа идилична европска земја.
Во 1970 -тите, д -р Лоб починал, но Мерилин, наводно, се уште е жива, е во добра здравствена состојба и ужива во староста, опкружена со внуци, поточно децата на нејзините посвоени синови. Ова е тврдењето според најновата теорија.
Се разбира, најголемиот проблем со веродостојноста на оваа теорија е фактот дека не постојат значајни докази што би можеле да покажат дека нешто од горенаведеното е вистина.
Да потсетиме, ако холивудската дива е навистина жива, оваа година таа ќе го прослави својот 95 -ти роденден, исто како и британската кралица Елизабета, со која пред многу години се сретна на Кралскиот двор во Лондон.