Констракта победи, еве за што доби награда на овогодинешната Евровизија

Овогодишната претставничка на Србија на „Евровизија“ во Торино, Ана Ѓуриќ Констракта, ја известија дека победила во изборот за награда за најдобар текст на овогодинешното издание на натпреварувањето, за хитот “In corpore sano”.

Наградите се доделуваат на основа на гласовите кои следбениците на официјалниот профил на Евровизија, а освен претставниците на Србија номинирани беа претставници на Италија и Португалија и победниците на натпреварот од Украина.

Констракта предизвика многу внимание со натпреварувањето каде го зеде петтото место, што беше најдобар пласман за Србија уште од 2012 година, кога Жељко Јоксимовиќ беше третопласиран со песната “Nije ljubav stvar”.

Овогодинешната Евровизија беше одржана во мај во Торино, а победата ја однесе Украина. Поради ситуацијата во таа земја следната година натпреварувањето ќе биде одржано од 9 -13 мај во Ливерпул во Велика Британија, која во Италија го зеде второто место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e