Како што пренесуваат американските медиуми, Ким Кардашијан и актерот и комичар Пит Дејвидсон официјално се во врска! Кој е 13 години помладиот маж кој ја освои најпознатата жена на светот?
Откако Ким во текот на неодамнешното гостување во емисијата „Saturday Night Live“ пред камерите во еден момент се бакна со Пит, тие се видени и како се држат за раце за време на едно возење во забавен парк, а потоа уште неколку се уловени во неговиот роден Њујорк, а заедно го прославија и роденденот на Пит во Калифорнија.
Сега пристигнува и потврда од извори блиски до двојата дека тие, без никаков сомнеж се во врска.
„Навистина се среќни и гледаат каде води сево ова“ – кажа за „E!“ неименуван извор близок до Кардашијанс.
Иако живеат на различни краеви во Америка, Ким и Пит се одлучни за нивната врска да успее и да се гледаат редовно.
Дејвидсон моментално престојува во Палм Спрингс, каде Крис Џенер, мајката на Ким има луксузна вила, а папараците ги забележале таму како се шетаат фатени за рака.
Доживеал голема трагедија, сакал да се убие поради пејачка: Официјално, ова е новото момче на Ким Кардашијан

ОБЈАВЕНА ВО: STARS // ФИЛМ19 Ноември, 2021
Share
Како што пренесуваат американските медиуми, Ким Кардашијан и актерот и комичар Пит Дејвидсон официјално се во врска! Кој е 13 години помладиот маж кој ја освои најпознатата жена на светот?
Откако Ким во текот на неодамнешното гостување во емисијата „Saturday Night Live“ пред камерите во еден момент се бакна со Пит, тие се видени и како се држат за раце за време на едно возење во забавен парк, а потоа уште неколку се уловени во неговиот роден Њујорк, а заедно го прославија и роденденот на Пит во Калифорнија.
Сега пристигнува и потврда од извори блиски до двојата дека тие, без никаков сомнеж се во врска.
„Навистина се среќни и гледаат каде води сево ова“ – кажа за „E!“ неименуван извор близок до Кардашијанс.
Иако живеат на различни краеви во Америка, Ким и Пит се одлучни за нивната врска да успее и да се гледаат редовно.
Дејвидсон моментално престојува во Палм Спрингс, каде Крис Џенер, мајката на Ким има луксузна вила, а папараците ги забележале таму како се шетаат фатени за рака.
Ова е сè што се зане за нивната врска, но кој е всушност Пит Дејвидсон?
Младиот актер и комичар зад себе има неколку десетина улоги, а првата ја имаше во серијата „Brooklyn Nine-Nine“, каде се појави во една епизода. Тој долго време бил редовен член на емисијата „Saturday Night Live“, во која и сега се враќа често, а негов најпознат проект во кој имаше главна улога е филмот „The King of Staten Island“.