Кога станува збор за нивната врска, реалити ѕвездата Ким Кардашијан не го коментирала многу својот однос со комичарот Пит Дејвидсон.
Меѓутоа, таа во последната епизода од „The Kardashians“ конечно одлучила да проговори за деталите од нивната средба.
Кога првпат се запознале, Ким верувала дека односот со Пит нема да се продлабочи и кажала дека сакала само да го одвлече во кревет. Меѓутоа, работите се смениле.
„Кога се бакнавме во емисијата „Сабота навечер во живо“, беше тоа некој момент каде почувствував вибрации. Помислив – можеби само морам да се обидам нешто поразлично. А, потоа дознав дека Пит не доаѓа на мојата забава по емисијата. Неколку дена подоцна ги повикав продуцентите на емисијата и им побарав број од Пит“, раскажала Ким.
„Му испратив порака и така сè почна. Пит е најдоброто човечко суштество кое сум го запознала. Тој е толку смешен“.
Откако раскажала како собрала храброст да му испрати порака на славниот комичар, Ким исто така открила и една интересна информација за Меган Фокс.
„Откако излегов со Меган таа ми откри дека Пит ѝ го барал мојот број од телефон“, вели таа и додава дека Меган на почеток не сакала да му даде телефонски број од Ким.
„Побргу би доживеал мене и Машин Ган Кели да нè изедат крокодили, отколку да доживееш да добиеш телефонски број од Ким. Тоа никогаш нема да се случи, заборави“, му рекла Меган, раскажала Ким.