Американската медиумска ѕвезда Ким Кардашијан објави дека ѝ е дијагностицирана аневризма на мозокот, објавија американските медиуми во четврток.
Кардашијан ја откри својата дијагноза за време на најавата за седмата сезона на реалното шоу „Кардашијанки“, кое премиерно се емитува на платформата Hulu, според извештаите.
Не е познато дали Кардашијан имала симптоми на оваа состојба, како што се силни главоболки, гадење, вкочанет врат или заматен вид, објавуваат медиумите.
Ројтерс наведува дека сè уште не може со сигурност да ги потврди овие тврдења. Агентите на Ким Кардашијан, како и нејзините претставници за односи со јавноста и адвокатот, не беа достапни за коментар.
Порано оваа година, Ким Кардашијан сведочеше на судењето на банда позната како „Дедо разбојници“, обвинета за кражба на накит вреден милиони евра под закана со оружје за време на Неделата на модата во Париз во 2016 година.
