Кејти Пери и убавиот политичар главни во Давос – глобалните политики во втор план

Годишниот самит на Светскиот економски форум во Давос отсекогаш бил место за сериозни политички и економски преговори. Но оваа година, тој „бал на моќниците“ се претвори во вистински холивудски сет.

Сите погледи на светот, сите блицеви на фотографите беа насочени само кон еден пар: поп-иконата Кејти Пери и, според многумина, најхаризматичниот политичар на денешницата — поранешниот канадски премиер Џастин Трудо.

Џастин Трудо одржа говор на форумот, зборувајќи за глобални теми како што се дипломатијата, меѓународната соработка и улогата на „меката моќ“. Пери седеше во првиот ред и внимателно го слушаше.

Тој објасни како одредени актуелни светски лидери користат форми на „тврда моќ“ и повика на спротивен пристап во денешната политичка клима, нагласувајќи дека обединувањето на нациите е попродуктивно за светот во целина.

Во моментот кога Кејти (41) и Џастин (54) зачекорија по снежните улици на Давос, држејќи се цврсто за раце и разменувајќи насмевки, се случи нешто навистина интересно. Луѓето кои управуваат со милијарди долари и со судбините на државите буквално останаа без внимание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e