Кејт Прајс се лекува на психијатрија: „Ме силуваа и тепаа…“

ТВ ѕвездата и поранешна манекенка Кејти Прајс ја шокираше јавноста со признанието дека пред четири години била жртва на грабеж и групно силување.

Неочекувано, пред премиерата на документарниот филм „Trauma And Me“, британската манекенка, старлета и ријалити ѕвезда Кејти Прајс раскажала шокантна приказна и ја вознемири јавноста.

Имено, поранешната манекенка, позната по турбулентниот живот и естетски зафати, неодамна била видена во посета на болницата за ментално здравје „The Priory“. Таблоидите веднаш почнале да шпекулираат за причините за терапијата, од алкохолизам и зависност од дрога до зависност до пластична хирургија. Меѓутоа, Прајс решила да ги прекине гласините и признала дека се лекува од посттрауматски синдром.

„Снимавме за ITV во Јужна Африка, тоа беше 2018 година“, започнала Кејти.

„Продукцискиот тим и јас влеговме во две комбиња и го започнавме патувањето од Јоханесбург до Свазиленд. Ја направивме најголемата глупост што не го проценивме правилно ризикот и немавме обезбедување. Некаде на половина пат нè пресретна банда. Имаше шестмина. Имаа пиштоли, нè избркаа од комбето и ја зедоа опремата што ја носевме, лаптопи, ајпади, готовина, накит, секаква вредност, па и пасошите ни беа украдени.

Но, тоа не беше крајот. Еден од нив ме фати за рака и ми ја држеше цевката од пиштолот на глава, ме натера да влезам во комбето. Се обидов да се одбранам, насилно го удрив додека ми ја кинеше облеката. Потоа ме удри толку силно што изгубив свест. Главата ми чукаше. Не можев да се движам. Тоа траеше со часови, наизменично ме силуваа. Кога и да се обидев да се одбранам или да побегнам, уште повеќе ме тепаа. Не знам колку време траеше. Ми се чинеше како цела вечност“.

Кејт вели дека после инцидентот и физичкото закрепнување одлучила да ги поттисне страшните сеќавања. Меѓутоа, негирањето на настанот ја довел до мрачната бездна на алкохолизам, злоупотреба на дрога, депресија…

„Еден ден решив дека ова мора да престане. Отидов на клиниката, му кажав на психијатарот што се случи и почнавме со процесот на соочување“.

Премиерата на документарниот филм „Trauma And Me“ во Британија е закажана за утре. Кејти во него се враќа на немилиот настан и на сето она што го преживеала во Африка. Сепак, и понатаму ја вознемирува фактот дека сторителите никогаш не биле пронајдени.

„Морам да живеам со фактот дека тие злочинци може дури и во овој момент да му го направат на невин човек тоа што ми го направија мене…“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e