Фолк пејачот Кеба наскоро требаше да промовира дует со поранешната снаа Северина, но сега тој не сака ниту да слушне за неа.
Имено, пејачот се одлучил да сними песна со непозната, се уште непотврдена колешка.
– Ве поканувам сите, ќе биде добро дружење– рекол Кеба, а на прашањето за дуетот со Северина, веднаш го сменил тонот и многу кратко одговорил, не сакајќи да го спомене името на поранешната снаа.
– Зборуваме за дуетска песна со девојка по име Марина – кратко рече.
На прашањето како се чувствува неговиот наследник Игор откако стави точка на бракот со Северина, Кеба одговори:
Не знам, најди го и прашај. Добро, aко видите насмевка на моето лице, тоа значи дека е добро. Сите тие се добри.